Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петок последен ден за поднесување документи за нов снабдувач со струја, дел од фирмите се подготвуваат, дел се уште одлучуваат дали ќе се јават

/

пред 1007 дена

Сподели преку :

Енергетските компании  кои сакаат да се јават на повикот за Универзален снабдувач имаат рок уште три дена, да ги подготват документите и да ги достават. Од ЕВН за Телма соопштија дека тие ги прават последните подготовки. Ќе го запазат рокот и до петок  кога е и последниот ден, ќе ги достават.  Од ЕДС пак изјавија дека се уште чекаат одлука од матичната компанија во Атина дали ќе се јават, иако во изминатиот период првиот човек на ЕДС во дел од медиумите изјави дека ќе се учествуваат на повикот.

Во меѓувреме од ЕДС поднесоа и жалба до Комисијата за жалби по јавни набавки за тендерот за избор на Универзален снабдувач.

Во еден од условите стои дека фирмата  која сака да се јави на повикот треба да има работен капитал од 40 милиони евра. Компанијата според податоците има загуби настанати поради енергетската криза, но неколку пати од таму соопштија дека за да  конкурираат можат да бидат подржани од мајката компанија во Атина од каде чекаат повратен одговор.

Извори за Телма претходно соопштија дека ЕДС барале и измени во условите, нешто што од компанијата го негираа. Министерот Бектеши пак рече дека такво нешто нема да се случи.

Инаку, матичната фирма на ЕДС е грчката државна компанија за производство на енергија, која пак беше избрана да го гради Чебрен. Но, два дена по Нова година, беше соопштено дена тендерот  пропаднал.

Интерес да се јави на повикот за Универзален има и кај  ЕСМ Продажба. Но одлука за тоа дали ќе учествуваат или не најверојатно ќе се донесе утре.  Во енергетска компанија РЕС пак одлучиле да не се јават на повикот

Сепак,  оној кој ќе понуди најниска профитна маржа ќе биде новиот снабдувач  со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.  Изборот ќе се случи на почетокот на годинава, а новиот снабдувач улогата ќе ја преземе дури во јуни.