Поранешната министерка на одбрана, Славјанка Петровска во синоќешното гостување во „Вин-Вин“ на Телма со низа критики за работењето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), но и за, како што рече, односот на власта кон безбедносно-разузнавачките служби. Дел од примерите што, според неа, покажуваат несериозен пристап, се случајот со сертификатот за англиски јазик на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски и подготвувањето на реформите што треба да донесат спојување на разузнавачките агенции.
Според Петровска, проблематична е и тајноста во која се подготвуваат реформите во безбедносниот систем со кои треба да се спојат АНБ и Агенцијата за разузнавање. Според неа скандалозна е и изјавата од Владата дека не може да го дадат предлог-законот на увид, зашто бил државна тајна. Петровска смета дека може да се класифицираат подзаконските акти што би произлегле од тој закон, но не и самиот предлог-закон.
Упати и критика за, според неа, направен голем безбедносен пропуст, односно праша како е можно исламски свештеник за кого во 2023 година била изречена забрана за влез во Македонија, да му биде дозволено минатиот петок да држи проповед во театар во Тетово?











