Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски: Филипче ја води СДСМ кон исчезнување и и штети на Македонија

/

пред 113 дена

Сподели преку :

Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија. Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење, објави на денешната прес – конференција на ВМРО – ДПМНЕ, пратеникот Бране Петрушевски.

  • Дали е можно некој да е подготвен до тој степен да распродаде се свое, се македонско, дали  е можно некој безусловно да прифаќа диктати од официјална Софија за внесување на Бугари во Уставот, притоа знаејќи дека барањата не сопираат тука, односно дека истите удираат и по македонскиот идентитет, историја. Да, можно е, и на тоа сведочиме секојдневно, го гледаме Филипче како слугува на официјална  Софија, кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија. Токму тоа го гледаме од човекот кој може да се нарече секако само не политичар кој се грижи за Македонија и граѓаните, истакна Петрушевски.