Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски: Ниту го имаме преземено судството, ниту имаме договор со Груби, како тоа ние имаме договор, а СДСМ поддржува кандидат на ДУИ за градоначалник на Гостивар, гласа за закон на ДУИ за двојазични возачки испити, а Филипче јавно потврди дека имал средби со Ахмети

/

пред 233 дена

Сподели преку :

Ниту го имаме преземено судство, како што опозицијата инсинуира, ниту пак имаме договор, ниту пак може да имаме договор. Договор може единствено да има само сојавното обвинителство, затоа што сите овие работи што се кажаа, се во надлежност на јавното обвинителство, вели Бране Петруѓевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Кога бевме во опозиција, кажавме дека ДУИ ќе оди во опозиција и кога дојдовме на власт, ДУИ е во опозиција. За разлика од нас, СДСМ додека Артан Груби ги правеше овие криминали, молчеше, одобруваше, не смееше ниту да помисли, не смееше ниту да помисли да прекори, а камоли да има кривична пријава. Денеска, кога ние сме на власт, МВР поднесе кривична пријава Артан Груби и Перпарим Бајрами, во истата кривична пријава е поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Ковачевски. Претпоставувам од тука им е стравот и паниката“, вели Петрушевски.

Петрушевски од друга страна објави фотографија со поддршка на СДСМ на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Гостивар и се прашува:

„Како тоа ние имаме договор, а СДСМ јавно поддржува кандидат за градоначалник на Гостивар кој сега е актуелен градоначалник и заедно со него го делат колачот од власта во Гостивар. Како ние имаме договор со ДУИ, кога Филипче потврдува во неколку наврати дека имал средби со Али Ахмети, а ние такви средби немаме. Како тоа ние имаме договор со ДУИ, а пратениците на СДСМ пред неколку дена гласат закон предложен од ДУИ за воведување на двојазичност за полагањето на возачките испити“, прашува Петрушевски.

За вечерашната дебата во „Топ тема“ поканети беа и Вреди и ДУИ, но двете страни одлучија да не испратат свои претставници.

С.Д.