Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

/

пред 526 дена

Сподели преку :

Во Топ Тема вечерва дебата меѓу пратениците Благој Бочварски, СДСМ и Бране Петрушевски, ВМРО – ДПМНЕ. Главна тема- Што содржи предлог законот на СДСМ за помош на семејствата на настраданите во Кочани и зошто е неприфатлив за власта?

  • Неприменлив во некои членови и делумно неуставен, влегува во колизија со сопствените членови и делумно се преклопува со постоечки права дефинирани во други закони што имплицира дека на напишан пред се за политички маркетинг на СДСМ, а не како суштински правен инструмент за помош на настраданите во пожарот во Кочани. Дополнително она што е спорно во законот е што фаворизира настрадани од одредени настани, што може да доведе до дискриминација на жртви од други трагедии што не се опфатени со овој закон што го тангира уставното начело за недискриминација и еднаквост на граѓаните пред законите. Се воспоставува опасен преседат бидејќи заштитата и правата на граѓаните се базираат согласно овој закон на еден настан, не се системски и не се универзални за заштита на жртви од несреќи или катастрофи на сите граѓани, рече Петрушевски.

Топ Тема е во тек може да ја следите на линкот подолу