Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 23:00 часот во Македонска Каменица, 13-годишно девојче е тешко повредено откако во неа удрило патничко возило „Мерцедес“ со италијански регистарски таблички.
Возачот, кој по ударот го напуштил местото на несреќата, подоцна бил пронајден и приведен од страна на полицијата.
Според информациите од МВР, возилото го управувал Г.А. (51) од Македонска Каменица.
Неговиот идентитет бил утврден неколку часа подоцна, во 02:10 часот по полноќ, и при тестирање му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта.
Полицијата веднаш го лишила од слобода и го задржала во полициска станица.
Повредената малолетничка итно била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде што ѝ е укажана лекарска помош.
Според првичните информации, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзината здравствена состојба засега не позната.
Против Г.А. ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.











