Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПИОМ во западна Македонија полн со вработени, во останатите градови празни канцеларии

/

пред 742 дена

Сподели преку :

Фондот за пензиско осигурување функционира со половина од предвидениот број на вработени со систематизацијата, но ситуацијата не е во сите градови подеднакво лоша.

Во филијалите во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Кичево пополнетоста со вработени е над 90 отсто од предвиденото, додека во другите градови има вработени под потребниот минимум за функционирање, информира директорот на Фондот за пензиско Никола Мемов на денешниот брифинг со новинарите.

Телма минатата недела објави дека филијалата во Битола, каде што порано имаше 25 вработени, сега работи со само седуммина, кои не можат да постигнат да ги изготват решенијата на новите пензионери на време. Околу 400 луѓе со месеци чекаат да им се изготви решение за пензија.

Од почетокот на годинава до 15 октомври, пензискиот фонд решил скоро 20 илјади предмети, но скоро 3000 предмети се нерешени во предвидениот законски рок од 30 дена, или 60 дена за предметите во кои има проблеми.

Мемов вели дека до Министерството за финансии поднел барање за враќање на вработените со договор за дело за да може да се пополни недостигот со вработени во филијалите.

„Ако имаме дисбаланс по филијали, балансот го правиме со препраќање на предметите од таму каде што недостигаат луѓе, во филијали каде што има добра пополнетост“, информира Мемов.

Директорот на фондот информира дека покачувањето на пензиите од 2500 денари го чини Фондот дополнителни 860 милиони денари, или околу 14 милиони евра месечно. Во март ќе има уште едно линеарно покачување на пензиите од 2500 денари, а во септември наредната година дополнително покачување од 3-4 проценти. Државата од буџетот досега плаќа една третина од парите за да може да се исплатат пензии. Мемов вели дека и покрај покачувањата дупката нема да се продлабочува, затоа што очекуваат зголемување и на приходите, со што дефицитот ќе се стабилизира. Наредната година од буџетот ќе се префрлат 35 милијарди денари, односно 570 милиони евра за да може да се исплатат пензиите.

Срѓан Стојанов