Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пламнаа 30 јахти, една во просек чини околу 150.000 евра – голем пожар во пристаниште во Хрватска

/

пред 890 дена

Сподели преку :

Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра.

„Полицијата добила дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се слушаат и експлозии“, јави ХРТ.

Пожарот се шири од една на друга јахта. Засега нема информации за жртви во пожарот.
Медиумот јави дека просечната цена на една јахта усидрена во пристаништето е околу 150.000 евра.