Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Платформата за граѓански организации за борба против корупција бара од Силјановска Давкова да не го потпишува КЗ

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Платформата за граѓански организации за борба против корупција испрати допис до претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, со кој бара да не го потпише указот за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и да го искористи уставното право на вето.

Во дописот се наведува дека измените на кривичните дела за злоупотреба на службена положба и несовесно работење ги намалуваат казните и го ограничуваат досегашниот опсег на заштита на јавните средства, што може да доведе до правна несигурност и институционална конфузија во борбата против корупцијата.

Платформата исто така укажува дека комбинирањето на спорните антикорупциски решенија со одредби за Истанбулската конвенција ја отежнува јавната и стручната расправа и повикува на доработка на законот пред неговото прогласување.