Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пленковиќ и Пенава во името на ХДЗ и Татковинското движење потпишаа коалициски договор

/

пред 889 дена

Сподели преку :

Претседателот на ХДЗ, актуелен премиер и мандатар за формирање на новата хрватска Влада, Андреј Пленковиќ, денеска во хрватскиот Сабор (парламент) потпиша коалициски договор со претседателот на Татковинското движење (ДП), Иван Пенава,што ја дефинира идната соработка меѓу двете партии, објави порталот Индекс.хр.

Договорот беше потпишан еден месец по парламентарните избори и без присуство на медиумите, при што со Пленковиќ во парламрнтот беа Марко Милиќ и Томо Медвед, а Пенава беше придружуван од Јосип Дабро и Игор Петернел.

По потпишувањето на договорот, двајцата лидери не дадоа изјави за медиумите, додека Пленковиќ само кусо дофрли дека „се ќе каже утре“.

Претходно денеска беше конституиран новиот хрватски Парламент, без присуство на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ја свика седницата на која Гордан Јандроковиќ (ХДЗ) беше реизбран за претседател на ова тело.

Парламентарните избори во Хрватска се одржаа на 17 април