Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По 22 години во бегство, полицијата го најде „командант Бреза“

/

пред 513 дена

Сподели преку :

Уапсен Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како „командант Бреза“ . Веќе дваесет години тој беше на листата барани осудени лица, а МВР распиша и меѓународна потерница поради тешки кривични дела.

„Приведениот има вкупна затворска казна од 11 години и за истрага за повеќе сторени кривични дела. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик„ информираат од МВР.