Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По, Бугарија и Албанија, македонците најмногу ја напуштаат земјата

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Македонија е трета по иселување на жители од земјата, ова го покажа најновото истражување на „Евростат“. За една деценија Македонија изгубила 11, 4 отсто од населението. Пред нашата земја се само Албанија која изгубила 18 проценти од населението и Бугарија. Според поранешениот директор на државниот завод за статитика Герасимовски овие бројки се алармантни за нашата земја, бидејки граѓаните се почесто се одлучуваат само за карта во еден правец.

-Бројките се загрижувачки, овие појави се познати во однос на сензитивниот период на населението во цела Европа во некој рамки во кој се движи. Кај нас е драстична состојбата со самото исселување се нарушуваат односите во ситемот на функционирање и на државата во однос на потреба на работоспособно население во однос на вработување во однос на стручен кадар. На сето ова уште загрижива и демографката состојба во земјава бидејки се јавува празнење на просторот на територија на република, по региони на териорија по општини, по населени места,  изјави Дончо Герасимовски, директор на државниот завод за статитика.

Граѓаните велат дека желбата за подобар животен стандард, тешката финансиска состојба, корупцијата, недовербата во системот се едни од клучните причини зошто се повеќе луѓе се одлучуваат да ја напуштат Македонија.

Според податоците од Евростат Македонија постојано е вклучена во земјите со најголема стапка на емиграција во однос на бројот на жители. Најмногу македонци се иселиле во Германија, Швајцарија, Австрија и Шведска. Извештајот сега покажува дека по  Македонија  од блаканските земји следат Босна и Херцеговина и Хрватска.

Кристина Кузмановски