Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По две години, струмичките медицински сестри одат на заслужен одмор

/

пред 1604 дена

Сподели преку :

Александра е млада медицинска сестра во струмичката општа болница. Тука е релативно кратко, но, веќе ја чувствува љубовта кон професијата, со сите нејзини убавини, но и предизвици. Вели дека гордо ја носи оваа униформа.

Јулија Манолева е главна сестра во струмичката општа болница. Таа, за разлика од Александра има големо искуство, но, пак, смета дека да се биде одговорен за здравјето и доборосостојбата на пациентите е голема чест и одговорност. Оваа работа им значи и достоинствено и пожртвувано ги извршуваат обврските.

Медицинскиот персонал беше на првата линија изминатите две години кога светот се бореше со пандемијата предизвикана од вирусот Kовид-19. Незамислива е борбата на лекарите без поддршката од медицинските сестри, што особено го истакна директорката на струмичката болница, доктор Катерина Кузмановска.

Секоја година од 5 до 12 мај во светот се одбележува Меѓународната недела на медицинските сестри и акушерките.

Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува секоја година на 12 мај во знак на сеќавање на денот на раѓањето на болничарката Флоренс Најтингел (1820-1910). Таа ја предводела првата група на жени кои заминале на фронт во Турција да се грижат за ранетите војници. Името на оваа англичанка се поврзува и со иницијативата за соодветно, професионално образование на медицинските сестри.

Сузана Мицева