Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По констатирани енормни маржи кај земјоделските ѓубрива власта воведе ограничување, мерката веднаш стапува на сила

/

пред 170 дена

Сподели преку :

Пазарните инспектори на терен уловиле енормни маржи кај зeмјоделските ѓубрива. Според контролите кај увозниците и трговците на големо и мало, забележан е раст на цените и маржи кои одат и над педесет проценти.

Наодите се дел од анализата на Државниот пазарен инспекторат, а тој документ е основа за мерки на Владата кои стапуваат на сила од денеска, па сѐ до крајот на мај. Министерот за земјоделство вели дека целта е да се стабилизира пазарот, но и да се заштити домашното производство.

„Зависно од компанијата, варираат маржите коишто се употребени и на големо и на мало меѓутоа може да зависи од компанијата и да се движи од 15, 16%, до некои 40, 50 и 60%. Во делот на оние специјални органски ѓубрива некаде имаме раст на маржата односно употребена маржа и до 70%, што е навистина недозволиво. Практично, со овие две одлуки и во согласност со самите компании со коишто се одржа состанокот во министерството, се донесе една заедничка одлука да се ограничат маржите на малопродажба и големопродажба на основните ѓубрива за 5%, односно на овие специјалните до 10% во делот на продажбата“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Дополнително се воведува и обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива. Tрговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и продаваат најмалку 70 отсто од просечните количини набавени годинава, додека трговците на големо да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70 отсто од просечно продадените количини.

По глобалната енергетска криза и нарушените синџири на снабдување, цените на минералните и органските ѓубрива нагло пораснаа, што директно се одрази врз трошоците на земјоделците.

Петар Догов