Владеачката ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува, опозициската СДСМ се уште нема изградено став, а Вреди ја смета закана за стабилноста на државата, евентуалната одлука на Уставниот суд по иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците од 2019 година. Претседателот на уставниот суд, Дарко Костадиновски, вчера најави дека иницијативата ќе се најде пред судии во првата недела од октомви.
Премиерот Христијан Мицкоски, чија партија стои зад една од 13 иницијативи за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците застапувана од Игор Јанушев, актуелниот генерален секретар на владата, денеска за предупредувањето на коалицискиот партнер Вреди дека позитивната одлука на Уставниот суд по иницијативата би можело да се смета за обид за државен удар, изјави дека Уставниот суд е највисоката судска инстанца и дека неговите одлуки мора да се почитуваат.
- „Не можам да поверувам дека постојат граѓани во Македонија или политички чинители кои себе си се сметаат за одговорни, а да не почитуваат одлуки на Уставниот суд. Такашто, еве, да ја оставиме политиката настрана, да видиме што одлука ќе донесен Уставниот суд и нормално е дека сите ние како граѓани… Ова не е анархија, ние не може да се однесуваме дека сме во анархија. Се знае дека, колку и тоа да не ни се допаѓа, не секогаш во животот работите нам ни се допаѓаат или не ни се доапаѓаат, треба да ја почекаме одлуката и тогаш да носиме одлуки“, изјави Мицкоски.
Од опозициската СДСМ во чие време беа усвоен Законот за употреба на јазиците со кој беше заменет Законот за Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа од 2008 година, засега немат став околу иницијативата за неговот оспорување пред Уставен.
- „Колку што јас знам не се долучува за севкупна употреба, туку за парцијална, така да во однос на тоа партијата ќе заземе став во текот на следните денови ќе излезе во јавност“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Инаку тринаесет иницијативи за оценување на уставноста на Законот со кој албанскиот јазик се употребува рамноправно во сите општини и во органите на државната управа, на чело со Собранието и Владата, чекаат на одлука од Уставниот суд пет години.
Дел од иницијативите се однесуваат на материјално оспорување на Законот, како таа на ВМРО-ДПМНЕ, според која со тоа што Законот определува дека службен јазик во органите на државната власт еднаков на македонскиот, е и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, промовира двојазичност, што е спротивно на амандманот 5 од Уставот. Дел од иницијативите пак ја оспоруваат процедурата на носењето на Законот, одосно тој не беше потпишан од тогашиот претседател Ѓорѓе Иванов, туку од претседателот на Собранието Талат Џафери.
Освен ВМРО-ДПМНЕ како партија, иницијативи за преиспитување на уставноста на Законот за употреба на јазиците имаа поднесено и партијата Левица, професорката од правниот факултете Татјана Каракамашиве поддржана од 14 универзитетски професори и академици, како и граѓански здруженија, политичари, адвокати, но и обични граѓани.
Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во власта, Вреди, вчер најавата на претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, дека иницијативата за Законот ќе се најде пред судиите во октомври, вчера пак излезе со став дека тоа ќе ја отвори Пандорината кутија во државата, вклучително и за промената на уставнотот име, и би ја загрозило стабилноста и суверенитетот на државата.
Тамара Грнчароска











