По протестите на дел од хонорарците од тетовската болница и ветувањата на централните власти, денес е објавен оглас за вработување на 119 лица од медицинскиот персонал.
Останатите од администрацијата ќе треба да го почекаат новиот оглас наменет исклучиво за нив, кој, според најавите на директорот на болницата, ќе биде објавен утре од страна на Агенцијата за администрација.











