Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По шест години се очекува на први септември основците да добијат учебници по странски јазици

/

пред 504 дена

Сподели преку :

После шест години основците од 1-ви септември ќе добијат учебници по странски јазици. Наместо од импровизирани, учениците ќе имаат книги по англиски, германски и француски најави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Нови учебници ќе имаат и деветтооделенците и средношколците. Според министерката учебниците се еден од клучните фактори за квалитет на образовниот процес.

Годишно во просек за набавка на нови учебници, министерството издвојува околу 660 милиони денари.