Додека утрово САД жестоко го нападна Иран, Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“.
Тој ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран.
–Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници постојано и негативно „цивкаат“, на нивоа што не се видени досега, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или да одам побавно, или да одам во војна, или да не одам во војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе испадне добро – секогаш е така!, рече Трамп.
Сирени се огласија над Кувајт, САД со напади врз иранските воени објекти











