Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По три часа застој повторно отворен граничниот премин „Меџитлија“

/

пред 441 дена

Сподели преку :

Поради пожар, во траење од три часа беше затворен граничниот премин Меџитлија за влез и излез од Македонија кон соседна Грција.  Од ТППЕ Битола информираа дека гори сува трева, како последица од запалено стрниште во непосредна близина на границата, а поради густиот чад што се шири во околината, сообраќајот бил запрен.

Огнот зафатил огромна површина, над 50 хектари сува трева. Во меѓувреме, околу стотина граѓани не можеа да ја поминат границата чекаа на најблиската бензинска пумпа во Грција. Сега преминот повторно е отворен за сообраќај, но има колони на возила.

(Видео)АМСМ: Затворен граничниот премин Меџитлија поради пожар