Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По три недели пауза учениците се враќаат во училиштата – синдикалците незадоволни од одлуката на СОНК штрајкот да биде ставен во мирување

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Одлуката на Синдикатот за образование да го стави штрајкот во училиштата во мирување ги раскара синдикалците.

Дел од нив протестираа пред седиштето на СОНК со барање за нов колективен договор, а не колку проценти ќе им се зголемат платите.  Штрајкот во основните и средните училишта е ставен мирување и следните 20 дена ќе преговараат со владата.

Децата после три недели изгубена настава денеска се враќаат во училишните клупи.

Во синоќешното гостување во емисијата Вин-вин на Телма, министерот Шаќири, рече дека во разговорите со СОНК биле блиску до решение, но дека сонк во последен момент ја променил својата одлука.