Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По труење со забранетиот пестицид Метомил два лица се во тешка состојба, вчера почина 47-годишна жена

/

пред 1080 дена

Сподели преку :

Две лица се борат за живот на клиниката Мајка Тереза откако консумирале од смртоносната пита. 79- годишната Ц.С е во кома на КАРИЛ, додека нејзиниот син 55-годишниот Ѓ.С се бори за живот на инфективната клиника, потврди за Телма директорот на Токсикологија Генц Селмани.

Денеска ќе се врши и обдукција на телото на 47-годишната Д.Ќ., која почина вчера, а се очекува да заврши за најмалку две недели потврди за Телма првиот човек на судска медицина Александар Станков.

Настанот се случил во семејниот дом кога ги здогледал соседот и веднаш пријавил во брзата помош по што им била укажана медицинска помош. Повикот го добил Д-р Ѓорѓи Карамановски кој раскажува за Телма.

Трагичниот настан се случил пред околу пет дена кога во семеен дом три лица, снаа свекрва и син јаделе домашно приготвена пита по што се затруле. Снаата почина вчера, а синот и свекрвата се борат за живот.

Причината била акутно труење со пестицидот Метомил, односно Ланате, што потврдиле и анализите на судската медицина. Настанот бил пријавен и во МВР и се преземаат мерки за расчистување.

Пријава стигнала и до Јавното обвинителство од страна на инфективната клиника за починатата жена и по што веднаш била издадена наредба за да се изврши обдукција на телото. За тоа дали намерно или случајно бил ставен отров во питата треба да покаже истрагата.

Дел од соседите велат дека најверојатно станува збор за кобна несреќа кога наместо сол бабата ставила отров ви питата. Пестицидот Ланате подолг временски периот е забранет во Македонија и сеуште не е јасно како влегол во земјава со оглед на тоа дека годинини назад се користи за труење на кучиња.

За вестите на Телма во 12.30 се јави Симона Петровска