Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По заеднички мерки и одлуки за подобрување на животниот стандард – конституиран новиот економско-социјален совет

/

пред 749 дена

Сподели преку :

Економско-социјалниот совет (ЕСС) од денес е функционален и ќе работи со густ распоред на седници за што е можно побрзо да се најдат решенија на барањата на Синдикатите и работодавачите во склоп на можности на Владата и Буџетот. На денешната конститутивна седница потписи ставија министрите за економија, за социјални работи и демографија, за финансии и за првпат за образование, како и претставници на работодавачите и синдикатите.

Заеднички мерки и одлуки со кои ќе се подобри стандардот на граѓаните е целта на работата на Економско-социјалниот совет.

ССМ ги истакна клучните барања и проблеми како раст на платите, вклучително и на минималната, потпишување на анексите на Колективните договори за утврдување на коефициентите за сложеност на работните места и потпишување на Општ колективен договор со приватниот сектор.

Недостатокот на работна сила и зголемување на продуктивноста е фокусот на Организацијата на работодавачи од каде додадоа дека треба да се почитува законот за минимална плата и да се функционира институционално, а не со паушални зголемувања.

Од Бизнис конфедерацијата се на став дека економијата и продуктивноста, како основ за минималната плата, е темата на која треба да се разговара во Економско-социјалниот совет.

Свое обраќање на конститутивната седница имаше и премиерот Христијан Мицкоски кој кажа дека за да има стабилна економија мора да има владеење на правото и нагласи дека дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите и Владата е важен за да се создадат услови за почеток процес кој ќе води во насока на одржлива економија и владеење на правото.

Претседател на Економско-социјалниот совет е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, а предлозите, односно барањата од конститутивната седница ќе се најдат на дневниот на првата официјална седница на ЕСС.

Огнен Чанчаревиќ