Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина 16-годишното момче повредено во сообраќајната несреќа кај село Марино

/

пред 365 дена

Сподели преку :

Шеснаесетгодишното момче од Идризово, кое на 14 септември беше тешко повредено во сообраќајната несреќа кај село Марино, општина Илинден, им подлегна на повредите.

Тој управувал мопед кога се судрил со возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, зад чиј управувач бил Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица.

На мопедот се возела и 13-годишна сопатничка, која исто така беше тешко повредена.

Несреќата се случила доцна вечерта, а двете деца беа префрлени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди.

Возачот и неговиот 25-годишен сопатник од Вевчани се здобиле со полесни повреди и беа згрижени во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Полицијата изврши увид на местото, а возачот беше приведен во 4 часот наутро по наредба на јавен обвинител.

Против Јанчев се води постапка за „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Истражните органи го продолжуваат процесот за утврдување на сите околности поврзани со несреќата.

Б.С.