Британскиот режисер, Хју Хадсон почина во Лондон во 86-та година од животот, соопшти неговото семејство, пренесува „Скај њуз“.
„Хју Хадсон (86) почина денеска во болницата „Черинг крос“ по кратко боледување. Беше најпознат по режијата на филмот „Огнени кочии“ кој беше награден со Оскар во 2003 година“, се наведува во соопштението.











