Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина легендарната актерка Дајан Китон

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Почина легендарната актерка најпозната по нејзините бројни соработки со Вуди Ален, како и филмови како „Црвени“, „Клубот на првите сопруги“ и „Книжевен клуб“.

Дајан Китон, една од најомилените филмски ѕвезди работеше и твореше во изминатите 50 години, почина на 79-годишна возраст во Калифорнија.

Веста беше потврдена од списанието „Пипл“. Понатамошни детали не се достапни во овој момент, а нејзините најблиски побараа приватност.

Смртта на Китон беше шок за Холивуд и остатокот од светот. Актерката не беше во јавноста неколку месеци, но не беше објавена никаква болест.

Добитничка на Оскар, во филмот „Ени Хол“ од 1977 година, кој нејзиниот режисер, сценарист, ко-ѕвезда и поранешно момче Вуди Ален во голема мера го базираше на сопствениот живот, Китон глумеше во некои од клучните филмови од последниот половина век.

Нејзината дарба за комедија и препознатлив вкус за облекување, ретко беше видена без шапка, ролка или машка вратоврска и широки панталони, тоа ја направија и многу единствена и невозможна за имитирање.

Нејзината прва голема филмска улога беше спроти Ал Пачино во филмот „Кум“ на Френсис Форд Копола. Други номинации за Оскар имаше за нејзините улоги во „Црвени“ (1981), „Собата на Марвин“ (1996) и „Нешто мора да се откаже“ (2003).