Почина Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар, бас-гитарист, член на групата „Бастион“ и музичар кој соработуваше со имиња од македонската рок и џез сцена.
Со „Бастион“, во кој членуваа и Кирил Џајковски, Ана Костовска и Милчо Манчевски, Стојсављевиќ го сними истоимениот албум во 1984 година, со што на уникатен начин ја приближи Македонија до тогашните светски музички трендови – новиот бран и електро-поп звукот. Албумот беше реиздаден на компакт диск во 2006 година, а во 2018 година и на плоча, во издание на „АЦЦ рекордс“.
Љубомир Стојсављевиќ беше вклучен и во дефинирањето на Скопскиот џез фестивал во неговите почетоци. А, покрај џезот свиреше и фанк музика.
Почина на 66 години, а ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Бутел.











