Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина О.Џ. Симпсон, легенда на НФЛ лигата и еден од најзлогласните селебрити Американци

/

пред 906 дена

Сподели преку :

Ориентал Џејмс Симпсон, легенда на НФЛ лигата и еден од најзлогласните селебрити Американци, почина во Лас Вегас во 77-та година од животот, потврдија членови на неговото семејство. Нему му се судеше аза двојно убиство – на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и на нејзиниот пријател Рон Голдман.

Последните години од животот Симпсон, наводно, ги минал во борба со рак на простатата. Неговото здравје во последно време се влошило, иако уште во февруари „протекоа“ информации за болеста, но тој ги негираше.

Во јавноста ќе остане запаметен по ослободување од обвинението за двојно убиство, сето тоа благодарејќи за фамозната ракавица со која е извршено убиството, а беше премала за неговата рака. Подоцна ја загуби граѓанската парница, но тие пропишуваат само финансиска отштета, поради што до крајот на животот беше без пари, а запаѓаше и во проблеми со законот и неколкупати завршуваше во затвор.