Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина патријархот на Бугарската православна црква Неофит

/

пред 953 дена

Сподели преку :

Патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ), Неофит почина синоќа на 79-годишна возраст по долго боледување. Веста е објавена на веб-страницата на бугарскиот свет Синод.

„Браќа и сестри, на 13 март 2024 година, по долго боледување на Воено-медицинската академија (ВМА-Софија) во 22:22 часот, поради повеќекратно откажување на органите почина Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит Софиски г. Неофит, патронот на нашата света православна црква“, се наведува во соопштението, пренесоа бугарските медиуми.

На 29 ноември минатата година Синодот соопшти дека поглаварот на БПЦ се наоѓа во ВМА во Софија, каде што е хоспитализиран поради белодробна болест.

Неофит за патријарх на Бугарската православна црква беше избран во февруари 2013 година.