Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина поранешниот градоначалник на Солун кој се залагаше за нормализација на македонско-грчките односи

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Почина Јанис Бутарис, поранешниот градоначалник на Солун кој се залагаше за нормализација на македонско-грчките односи. Тој почина на 82 години, кој има потекло од Крушево.

Веста за неговата смрт ја потврди компанијата за производство на вино „Кир-Јани“, што Бутарис ја основа и водеше со неговите двајца синови.

Во земјава дојде неколку пати, а имаше средби и со македонски политичари и вистински работеше на зближување на двете земји, за што добиваше и критики во Грција.

Тој е син на винарот Стелиос Бутарис и фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево.

Роден на 13. јуни 1942 година во Солун.Беше бизнисмен, политичар, енолог.

Дипломирал хемија на Универзитетот Аристотел во Солун, а магистрирал енологија на Институтот за вино во Атина. Речиси 30 години работеше во семејната винарија „Бутари“, а во 1998 година ја формираше сопствената винарија „Кир-Јани“.