Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина жената претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница

/

пред 1537 дена

Сподели преку :

Делото што го сторил неготинец кој деновиве ја претепал жената со којашто живеел во вонбрачна заедница, ќе се преквалификува во потешко кривично дело, согласно новите околности, бидејќи во меѓувреме жената починала, потврдуваат од Јавно обвинителство Кавадарци.

Постапката против него е во тек. Тој останува во притвор. Отворена е истрага и таа е во тек. Кога ќе има обвинение, ќе ја информираме јавноста, ВЕЛАТ од Обвинителството.

Претходно, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.