Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Почна да се гради мини хидроцентралата кај браната Гратче, кочанско- Екологистите велат ќе се уништи шумскиот појас, а централата ќе биде нерентабилна

/

пред 1245 дена

Сподели преку :

Градежните машини почнаа со изградба на малата хидроцентрала на Мала река во близина на браната Гратче. Подолг период имаше мораториум, а граѓанските активисти и понатму стојат на ставот дека дека со пробивањето на пристапен земјен пат до локацијата на објектот за електромашинскиот дел на хидроцентралата и за поставување на цевководот, ќе се деградира шумскиот појас и ќе се уништат минималните водни ресурси. Од Општина Кочани потврдија дека нема правни и други пречки да се одложат или забранат градежните работи.

Активистите потенцираат дека според мислењето на експерти оваа мини хидроцентрала ќе биде нерентабилна, а се турка нејзината изградба бидејќи општината ќе треба да плати оштета на инвеститорот.

Од компанијата ДИС енергија тврдат дека нема да се деградира шумскиот појас, ке се работи по сите прописи и ке се почитуваат сите законски регулативи, а водните ресурси нема да се уништат бидејќи, какошто велат  водата ќе се користи согласно водостопанската дозвола и само во пределот до машинска зграда и после ќе се враќа во речното корито, а асфалтниот пат ќе се користи согласно постојната регулатива и одобренија

Граѓаниските и еко активисти од Кочани порачаа дека битката продолжува, според Законот за слободен пристап до информациите, ќе побараат да им биде доставена целосната документација од локално и централно ниво.

Викторија Јованова Димитровска