Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна обуката на новите сезонски пожарникари низ Македонија

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Денеска започна обуката на 364 новоселектирани лица за сезонски пожарникари, која произлегува од јавниот оглас на Владата.

Овие пожарникари ќе добијат сертификати за гасење пожари и ќе бидат распоредени низ целата држава за борба со шумските пожари во летниот период.

Според најавите од ВМРО-ДПМНЕ, сите ангажирани ќе бидат финансиски поддржани со по 24.000 денари, а нивниот ангажман ќе биде сезонски.

Од вкупниот број, 34 лица ќе бидат распоредени во Скопје, додека останатите ќе дејствуваат во 13 градови низ Македонија, покривајќи 28 општини.

Обуката ќе трае два дена и опфаќа теоретски и практичен дел. По нејзиното завршување, новите пожарникари ќе бидат подготвени да излезат на терен за само една недела, со што се очекува да дадат придонес во справувањето со летните пожари.