Околу 300 камиони со 2.400 тони материјал ќе бидат потребни за да се затрупа дупката во Центар која настана поради свлечиште пред неколку дена, а каде требаше да никне нова зграда. Ова го покажале последните пресметки.
Затрупувањето почнува денеска, соопштија од Општина Центар. Но, со оглед на можноста за влошување на временските услови се отвара прашањето колку од работата ќе се заврши денеска.
Вчера деканот на градежен апелираше и побара веднаш да се затрупа темелната јама затоа што има индиции дека ако не се случи тоа може да има опасност и за другите два објекти кои се во близина.











