Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнаа дебатите за реформи во Судски совет

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Правните експерти и министерот седнаа на заедничка маса, за да  споделат мислења за тоа, дали се потребни измени и дополнувања на законот за Судски совет. На првата од предвидените четири јавни дебати, што ги организира Министерството за правда, Филков го кажа својот став дека измени се неопходни затоа што „ функционалноста на судскиот совет беше доведена во прашање во неколку наврати“.

Министерот најави дека, предлозите на министерството ќе ги објават откако ќе ги чујат експертските мислења. И претседателката на судскиот совет смета дека е добро да се чујат мислењата на експертите пред да се измени законот.

Дебатите се организираат во соработка и со поддршка од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, од каде се повикуваат на забелешките од Европската комисија.

Реформите во судскиот совет и советот на јавни обвинители се дел од владината агенда од самиот почеток на мандатот, но наместо распуштање, како што се најавуваше, ќе следуваат законски измени.

Дебатите треба да завршат до крајот на декември, по што ќе се излезе со решение. Новиот закон треба да биде готов до јуни следната година и да се базира врз основа на мислењето од Венецијанската комисија и препораките на ЕУ.

Далиборка Демјанска