Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“

/

пред 325 дена

Сподели преку :

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 луѓе, а околу 200 беа повредени започнува денеска.

Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на Казнено Поправната Установа  Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.

Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.

Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Судењето ќе го следат и роднини на жртвите кои бараат правда. Ден пред стартот на судењето политички партии највија анкетна комисија.

Роднините на жртвите, повредените и широката јавност ќе го следат утрешниот старт на судењето за најголемата трагедија во земјава