Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Под лупа на инспекторите и месарниците во земјава

/

пред 655 дена

Сподели преку :

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло.

За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, односно неимплементирани процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, нецелосна декларација на производите, продажба на производи кои не се одобрени, неспроведени задолжителни здравствени прегледи за вработените, неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот,официјалните ветеринари издадоа 29 решенија за отстранување на утврдените недоследности.

Изречени се опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети стои во соопштението од АХВ.