Во Кочани одново се сочустува, овој пат родителите и блиските на настраданите во Пулс излегоа по градските улици за да одадат почит на настраданите во дискотека во Кран-Монтана, Швајцарија. Освен пораките испишани на мајчин јазик, утешните зборови беа споделени и на француски, а присутните пуштија во воздух 40 бели балони за истиот број загубени човечки животи во Швајцарија.
Се палеа и свеќи за спомен на починатите, и тоа во форма на срце.











