Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поднесени кривични пријави против четири лица за престрелката во Тетово – две се во бегство

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Тетовската полиција до обвинителство поднесе кривична пријава против вкупнп четири лица за престрелката меѓу две групи во неделата во населбата Блок 82, при што убиен беше 46-годишник, а повеќе беа ранети и повредени. Судот во Тетово одреди 30-дневен притвор, а по две лица се трага.

Убиство, неовластено држење оружје и тешки дела против општата сигурност се кривични дела за кои се терети 15-годишникот од Гајре како и 37-годишен тетовчанец со иницијали Р.Т од условно речено другата страна.

Кривичните дела убиство во обид, неовластено држење оружје и тешки дела против општата сигурност им се ставаат на товар на 45-годишниот М.Т од Тетово, инаку брат на 37-годишникот, како и за З.М. од Гајре, кој е стрико на малолетникот.

Тетовчанецот на 45 години и 37-годишниот од Гајре се во бегство и полицијата трага по нив.

  • За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода, соопшти МВР.

Во неделата малолетникот и неговиот стрико почнале да пукаат со автоматски пушки кон автомобил „голф“, па го погодиле сега покојниот, 46-годишник кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот Р.Т кој беше однесен на болничко лекување.

Од испуканите куршуми ранети беа и случајни минувачи, 12-годишно девојче кај кое куршум стигнал до надколеничната коска, како и 32-годишно лице повредено во градниот кош. При движење на едно од возилата, е удрен и повреден 60-годишен пешак, случаен минувач.

Александар Самарџиев