Катарската телевизија Ал Араби денеска објави дека нејзината зграда во Техеран била цел на ракетен напад.
„Израелска ракета ја погоди зградата на телевизија „Ал Араби“ во Техеран. Причинета е голема штета и запрен е пренос во живо“, наведе ТВ куќата во објава на Икс.
На снимката, која е објавена со веста, се прикажани скреѓни прозорци и уништена опрема.











