Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

/

пред 909 дена

Сподели преку :

Историскиот случај, кој може да ја реши правната и политичка судбина на американскиот поранешен претседател Доналд Трамп, како и да ја дефинира моќта на шефовите на Белата куќа. Врховниот суд во земјата одлучува по жалбата на Трамп, откако пониските судови го одбија неговото барање да биде заштитен од четири кривични пријави поврзани со изборите во 2020 година.

За време на седницата, судиите на американскиот Врховен суд изразија скептицизам кон неговите тврдења, врз основа на кои побара од судот да прогласи имунитет од кривично гонење. Според дел од медиумите кои го пренесуваат случајот, судиите на Врховниот суд, наклонети кон конзервативците, покажале разбирање за аргументот дека претседателите треба да уживаат одреден имунитет од можни кривични пријави за одредени дејствија што ги презеле додека биле на функција.

Во американскиот Врховен суд моментно доминира конзервативно мнозинство од шест наспрема три, составено од тројца судии назначени уште за време на мандатот на Трамп. Случајот е прво кривично судење на поранешен претседател на САД и прво од четирите предмети на Трамп што стигна до поротата.