Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата го блокираше влезот во Градското собрание во Белград, граѓаните и опозицијата ги растерува со солзавец

/

пред 1030 дена

Сподели преку :

Пред седиштето на Републичката изборна комисија започна голем протест на граѓаните и опозицијата, чие барање е да се откажат изборите и да се распишат нови, поради обвинувањата за огромни нерегуларности.

Властите распоредија полициски сили за да спречат влез во Градското собрание, а потпретседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, ја повика полицијата која со штитови ги држи вратите, да излезе надвор и да „застане на страната на народот“.

Според информациите од дел од српските медиуми откако лидерите на опозицијата се обидуваат да влезат во Градското собрание од прозорецот на објектот бил фрлен и солзавец.

Претседателот Александар Вучиќ се очекува наскоро да се обрати во врска со обидот за насилна инвазија на градското собрание во Белград од страна на претставници на листата „Србија против насилството“.

Претходно толпата ја скрши влезната врата и се обиде да влезе во Градското собрание. Некои од поддржувачите кршеа прозорци со камења, ги сквернават српските знамиња и палеа факели.

https://twitter.com/i/status/1738987637141073967

https://twitter.com/i/status/1738987800932864066