Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата пронајде три пиштоли на местото на двојното убиство во Челопек

/

пред 1026 дена

Сподели преку :

При увидот на местото на двојното убиство, кое се случи вчера во тетовски Челопек, увидните екипи на полицијата и јавното обвинителство пронашле и одзеле три пиштоли. Според информациите на СВР Тетово еден пиштол е одземен од приведеното осомничено лице, а останатите два биле пронајдени во непосредна близина на починатите.

Од полицијата денес објавија и детали за немилиот настан. 59-годишникот од Челопек бил лишен од слобода вчера околу 14.30 часот откако 20-тина минути претходно во селото со огнено оружје ги усмртил неговите роднини, на возраст од 52 и 28 години, а повредил и 54 годишен роднина. Осомничениот, кој, исто така, бил повреден од огнено оружје, бил приведен во полициска станица и пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош.

Според неофицијални информации во семејството постоела нетрпеливост подолго време поради имотно-правни односи.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Данијела Билбилоска

Двојно убиство во Челопек, трет е ранет, полицијата го приведе осомничениот- сите биле роднини имале нерасчистени имотни односи