Полицијата истражува каде завршиле околу 70 илјади евра храна од магацинот на владините бифеа, кои постоеле само на хартија, но во реалноста ги немало.
Пописот од 2024 година покажал разлика помеѓу сметководствената и фактичката состојба од 4,2 милиони денари, констатира Државниот завод за ревизија во Ревизорскиот извештај за работата на владината Служба за општи и заеднички работи.
Во службата им одговориле на ревизорите дека се работи за кало и растур и затоа произлегуваат разлики во вредноста на прехранбените производи.
Според извори на Телма, сомнежот е дека прехранбените производи биле продавани, но парите не завршувале во каса, туку во нечии џебови.











