Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политички судир околу Изборниот законик – СДСМ обвинува за изборна кражба, од ВМРО ДПМНЕ велат прифативме сѐ што побараа

/

пред 96 дена

Сподели преку :

Пратеничката група на СДСМ најави дека ќе достави 10 000 амандмани за измените на Изборниот законик , со цел како што велат да се запре носењето на криминален закон со кој власт подготвува изборна кражба.

Тие на социјалните мрежи објавија фотографија од Собранието на која ги пишуваат амандманите и порачаа: „Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни“

Според СДСМ, со измените на Изборниот законик ќе се овозможи електронско гласање на дијаспората што според нив е проблематично од повеќе аспекти. Како што рече претседателот на СДСМ Венко Филипче ваквото решение отвора простор за масовни злоупотреби и изборни манипулации – предложениот модел не нуди доволни гаранции за проверка на идентитетот на гласачите и може да доведе до неконтролиран изборен процес.

„Тоа отвора ризик за масовно и неконтролирано гласање. Станува збор за многу опасен систем кој отвора врата за изборни манипулации и кражба“, рече Филипче.

Дополнителен проблем според опозицијата е и фактот што начинот на спроведување на електронското гласање не е прецизно уреден во самиот закон, туку се остава да биде регулиран со подзаконски акти што ќе ги донесе Државната изборна комисија.

Партиите од власта со поддршка од ДУИ вчера ги предложија измените на Изборниот законик во Собранието по скратена постапка. Беше усвоена потребата од донесување на законот а денеска за нив треба да се гласа на собраниските комисии.

По најавите од СДСМ за блокирање на законот, премиерот Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук. Тој  напиша дека „нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога. Имате шанса овој пат вистински и суштински да бидете за европската иднина на Македонија, не со менување на Уставот, туку со реформи“.

Мицкоски од опозицијата бара да предложат амандмани за корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори, а другите амандмани да ги повлечат.
Изборниот закон е дел од пакетот  закони кои според реформската агенда треба да се донесат до крајот на јуни. Мицкоски очекува обврските да се исполнат и Македонија да добие најмногу буџетски средства од Брисел, а по јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан.
Несогласувања има и со Левица, која иако учествуваше во работната група за подготовка на измените, не го поддржува предложениот текст… Партијата бара решенија за финансирање на  независните кандидати, гласање на дијаспората, финансирање на изборните кампањи и воведување една изборна единица.