Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Половина од македонските граѓани не се задоволни од јавниот превоз во Скопје, секој трет не го смета за безбеден

/

пред 744 дена

Сподели преку :

Побрзо се стасува пеш отколку со автобус. Половина од македонските граѓани не се задоволни од јавниот превоз во Скопје, една третина не го сметаат за безбеден. Ова го покажува анкетата на „Еуроњуз“ по заклучоците на Европската комисија дека 7 од 10 луѓе се задоволни од јавниот превоз во европските градови. Мапата на истражувањето ја дели Европа на западни земји, каде што граѓаните уживаат доверба во јавниот превоз и главни градови во Источна и Јужна Европа, како што Рим, Тирана, Подгорица, Скопје и Белград со доверба пониска од 50 отсто.

„Кога се споредуваат факторите, како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство. Највисоко задоволство од јавниот превоз има во Австрија, каде што дури 91% се задоволни од тоа како функционира јавниот превоз, до ниски 29 отсто во Рим и Тирана“, се наведува во истражувањето на „Еуроњуз“.

Во однос на безбедноста во очите на граѓаните Скопје е трет одзади на листата по Рим и Тирана. Но, она што „Еуроњуз“ не го зеле предвид во истражувањето е што ги мачи скопјани во јавниот превоз. Доцнење, чести дефекти, нехумани гужви заради реткиот возен ред. Граѓаните за Телма ги појаснија впечатоците кои недостасуваат во општата анкета на европскиот медиум.

Ако се земе предвид дека во листата на европски метрополи само три немаат алтернативен јавен превоз, освен автобускиот, сите критики на граѓаните одат на контото на јавното сообраќајно претпријатие. Но, и таму состојбата е алармантна, и самото раководство најави колапс со оглед на напластените долгови. ЈСП нема ниту средства за обнова на возниот парк, а приватните превозници квартално излегуваат на протест заради неисплатените пари.

Проблемот со јавниот превоз во главниот град доби и политичка димензија со меѓусебни обвинувања од градоначалничката Данела Арсовска со советот на градот дека и ја кочат набавката на нови еко автобуси. Скопјани 30 години живеат, работат, но и се иселуваат додека политичарите пред секои избори ги вадат ветувањата од метро, до трамвај преку БРТ односно брзиот автобуски транспорт.

Павле Беловски