Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска го презеде претседателството со ЕУ од Унгарија

/

пред 656 дена

Сподели преку :

Полска од денеска го презема претседателството со Европската Унија, со премиерот Доналд Туск кој ќе раководи со Советот на ЕУ во следните шест месеци.

Безбедноста ќе биде приоритет во периодот на претседавањето, а Полска има намера да ја потврди својата лидерска улога во безбедносната политика на континентот.

Варшава ќе се фокусира на максимално зголемување на поддршката за Украина, одржување на сегашните политики на ЕУ кон Русија и Белорусија и на зајакнување на безбедноста и отпорноста на унијата и нејзините партнери.

Меѓувреме Бугарија и Романија официјално влегуваат во Шенген зоната, по 13 години членство во ЕУ.

Со ова се укинати копнените гранични контроли помеѓу двете земји и останатите членки на ЕУ.

Бугарскиот технички премиер Главчев го нарече ова историски момент, истакнувајќи дека ќе се зајакне заштитата на надворешните граници на ЕУ.