Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Помалите пекари синоќа под лупа на инспекторите

/

пред 1323 дена

Сподели преку :

Доцна синоќа инспектори на пазарниот инспекторат излегоа во координирана контрола на помалите пекари и производители на леб на повеќе локации во главниот град. Предмет на синоќешната контрола биле производството, цената но и грамажата на нивните производи. По донесување на одлуката за замрзнување на цената на белиот леб на 33 денари инспекторатот само во текот на вчерашниот ден извршил над 189 инспекциски контроли. За време на овие инспекциски надзори не биле констатирани прекршувања на одлуката, а доколку биде констатирано од пазарен велат ќе постапат согласно законските прописи предвидени со законот за трговија, законот за заштита на потрошувачи. Апелираат продавачите да ја почитуваат одлуката бидејќи во спротивно ќе се соочат со многу високи казни. Најавија дека инспекциските контроли продолжуваат и денеска.