Јовица Блажевски – Јоце, 38-годишник кој боледува од церебрална парализа, има итна потреба од финансиска помош за продолжување на терапиите во Москва, кои значително ја подобруваат неговата здравствена состојба.
Тој веќе започна третмани со пресадување матични клетки и физикална терапија со кои е постигнат напредок – од неможност да седи и јаде сам, сега може да се движи со помагало, да се храни и облекува самостојно.
Следниот третман е закажан за септември 2025 година, ќе трае 12 дена и чини 9.000 евра. Во рамки на третманот е предвидено ново вбризгување матични клетки, како и продолжување на рехабилитацијата со роботска терапија и масажи.
Телефонските броеви за донации се: Телеком – 143 163 и A1 – 143 461.
Секоја донација е значајна, а организаторите апелираат и до хуманитарни организации да се вклучат и помогнат што побрзо да се соберат потребните средства.











