Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Понеделник како ден Д за консензус, организација не смее да остане без претседавач – Османи пред Советот на ОБСЕ во Скопје

/

пред 1059 дена

Сподели преку :

Понеделник ќе биде денот „Д” и очекувам да консензус за новиот претседавач со ОБСЕ, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи по повод претстојниот Министерски совет во Скопје.

„Националните интереси не смее да доминираат врз колективниот. Се надеваме дека во понеделник ќе успееме, дека ќе постигнеме историски успех да обезбедиме претседавач на ОБСЕ. На тоа ни е засега ставен целиот фокус. Организацијата не смее да остане без претседавач. Ако нема одлука до понеделник, мора да покажеме одговорност“, истакна Османи.

Според него, доколку не се обезбеди консензус, ОБСЕ ќе влезе во целосно недефинирани прашања, нешто со кое организацијата досега никогаш не се соочила.

Османи информира дека на 28 ноември се очекува да почне пристигнувањето на учесниците на Министерскиот совет, а за 29 ноември е предвидена нефорамалната вечера со најголемиот број министри.

На вечерата шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ, но тема како што рече, ќе биде и агресијата во Украина.

На  Министерскиот совет е предвидено одржување и на повеќе други, т.н. странични настани, за кои се планирани неколку теми: Украина, климатски промени, млади и цивилно општество.