Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поништено гласање во Студеничани, скршена кутија во Гевгелија – заврши гласањето за нов лидер на СДСМ

/

пред 840 дена

Сподели преку :

Заврши гласањето на вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Централната изборна комисија (ЦИК) констатираше дека процесот бил кредибилен и демократски.

Избирачко место во Студеничани било предвреме затворено и таму гласањето е поништено. Во Гевгелија била скршена кутијата и имало 10 минутен застој во гласањето.

Приговори стигнале од 15 општински изборни организации, во шест од нив се прифатени, а во останатите девет се одбиени, информираше Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателка на ЦИК.

На седум членови им било дозволено да гласаат, бидејќи, иако уредно се најавиле, сепак, не се нашле на избирачкиот список, а на други 44 не им биле прифатени приговорите.